Иднината на македонскиот туризам, брендирање на малите туристички дестинации
Веќе неколку години Охридско-Струшкиот туристички регион се продава како дел од големите кружни тури, но туристичките работници сметаат дека тоа не е целосно искористување на потенцијалот со кој располагаме за привлекување на туристи. Тие велат дека фокусот треба да се стави на таканаречениот „Туризам без граници“, во време кога на светскиот туристички пазар Балканот како дестинација, предизвикува огромен интерес.
Иднината на македонскиот туризам може да биде брендирањето на малите туристички дестинации. Иако во изминативе неколку години, Охридско-Струшкиот Регион се продава како дел од поголеми кружни тури, претседателот на „ХОТАМ“ Крсте Блажески истакна дека фокусот треба да се стави на т.н. Туризам без граници, во период кога во светот Балканот како дестинација предизвикува огромен интерес.
„Дали ќе бидеме приврзок на голема дестинација, дали самите ќе бидеме брендирана дестинација, за која некој ќе каже дека морам да одам во Охрид, а тоа сме го прочитале во многу досега видни списанија, „National Geographic“ имаше пушувано, Охрид треба да се посети во животот.„Но, Ако сакаме да направиме нешто повеќе, да бидеме уште по познати, сме зборувале за тој бродски сообраќај, да се отвори езерото, да се направи една кружна тура околу езерото е навистина многу убаво“, вели Крсте Блажески – претседател „ХОТАМ“.
Туристичката понуда моментално е разновидна. Не посетуваат туристи со најразлични баарања и од најразчлина старосна структура. Поради тоа и големи се и предизвиците во брендирање на малите дестинации. Големо внимание треба да се посвети на хотелските брендови за дестинацијата, а во секој случај акцент да се стави и на Гастрономијата како основа на брендирање. Но, за сите овие планови да се реализираат потребна е современа и хотелско-угостителска и пред се патна инфраструктура.
„Ако одиме напред во продажбата и почнеме да продаваме се што можеме да продаваме,ќе биде еедна уметност што денес овде се се продава со една ваква инфраструктура. Крајно време беше да се започне тој автопат заљ кој зборуваме 10 години, да се направи, ќе кажеме каде ни се гостите од Србија кои беа на минување во Охрид, па продолжуваа во грција на одмор. Кога се направи патот за Игуменица, можат да стигнат за 4-5 часа побрзо отколку за Охрид“ потенцира Крсте Блажески – претседател „ХОТАМ“.
Токму за овие проблеми, во средината на месец јуни БАХА, ХОТАМ и Хотелската Асоцијација на Албанија ќе ја организираат втората меѓународна конференција на тема „Дестинацијата како бренд – Брендирање на мали туристички дестинации“. Конференцијата ќе се одржи во периодот 15.06.2017 до 18.06.2017 во Охрид, Струга,Поградец и Корча. На конференцијата предвидена е кружна тура со брод низ охридското Езеро со посета на Р.Албанија – Поградец каде што во концептот е предвидено да се потпише Протокол за заедничка соработка помеѓу ресорните министри на Р.Албанија и Р.Македонија.