ДЗС: Намалување на бројот на дипломирани студенти
Државниот завод за статистика објави соопштение за бројот на дипломирани студенти за 2016 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Македонија, во 2016 година, бројот на дипломирани студенти на додипломски студии на високите стручни школи и факултетите, во споредба со 2015 година, е намален за 2.5%.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 80.5% се редовни, а 19.5% се вонредни студенти. Процентот на дипломирани студенти-жени изнесува 58.0%. Од вкупниот број студенти, 36.0% дипломирале во рок, додека 64.0% дипломирале по рокот.