Охридските Титоисти го одбележаа 25 мај
Охридските Титоисти го одбележаа 25 мај.
Здружението Титоисти од Охрид не го заборавија 25 мај Денот на младоста и раѓањето на Јосип Броз Тито поранешниот доживотен претседател на СФРЈ. Денес се одбележуваат 125 години од раѓањето на Тито, а од охридското здружение на пригоден начин го одбележа овој ден од поновата историја.
„Постарите генерации се потсетуваат на Денот на младоста. Јас како млад секретар на здружението Титоисти од Охрид сакам да им пренесам порака на помладите генрации за не се заборави Јосип Броз Тито .Тој е личност која допринесе РМ како рамноправна членка во СФРЈ да влезе со свое име, јазик и националност“, истакна Алексоски.
Група членови од здружението Титоисти се потсетија на минатото и прославувањето на 25 мај Денот на младоста. Спомените се вратија на традиционалниот чин носење на штафетата на младоста.
„Имавме средби, слетови , главниот слет се одржуваше во Белград. Таму учествуваа сите младинци од сите Републики и ан Тито му се предаваше штафетата“, си приспомнува Стојкоски.
Намерата на охридските Титоисти е од идната година да организираат штафета. На тој начин ќе ги запознаваат младите генерации со историското значењето на овој ден. Здружението брои околу 80 членови од кои поголем дел се повозрасни охриѓани.