Skip to main content

Национален дел на жалост во Италија

Групен државен погреб на жртвите од земјотресот што вo понеделникот ја погоди централна Италија ќе се одржи денеска, а во земјата е прогласен и национален ден на жалост.

 |  Крсте Голабовски  | 
spasuvac
спасувач
Групен државен погреб на жртвите од земјотресот што вo понеделникот ја погоди централна Италија ќе се одржи денеска, а во земјата е прогласен и национален ден на жалост.

Според најновите информации, билансот на жртвите во катастрофалниот земјотрес се приближува до 300 луѓе, од кои најмалку 16 се деца.

Италијанскиот претседател Џорџо Наполитано вчера ја посети Аквила, главниот град на областа Абруцо, која што е најтешко погодена од земјотресот, а италијанските медиуми јавуваат дека избледува надежта за пронаоѓање на уште преживеани под урнатините.

Од 20 до 30 луѓе сè уште се водат за исчезнати, а 1.170 се повредени. Од нив 179 се во тешка состојба. Проценките говорат дека околу 28 илјади луѓе останале без своите домови.

menzaНови земјотреси сè уште се чувствуваат во областа, а најсилниот бил регистриран вчера утро и бил со јачина од 5,2 степени по Рихтеровата скала.

Италијанската амбасада во Македонија соопшти дека денеска ќе отвори книга на жалост. Амбасадата соопшти дека е отворена жиро-сметка за донација на помош на настраданите.

 

{loadposition content9}