Skip to main content

Во Охрид се одржа конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа

Во Охрид се одржа конференција за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа.

 |  Валентина Неловска  | 

Aндреа Бeкали менаџер во американска информатичката компанија ИКАН ја нагласува потребата луѓето активно да се вклучуваат во управувањето и развојот на интернетот. На конференцијата Управување со Интернетот кај државите од Југоситочна Европа сме присутни да дадеме поддршка на заедницата во Македонија и регионот. Зборуваме за употребата и да објасниме што поддржуваме во развојот на интернет технологијата и како интернетот да се употребува во иднина, напомeнува Бeкали.


„За таа цел баравме идните генарации под 25 години што повеќе да го употребуваат Интернетот. За прв пат поддржавме 19 студенти од Македонија и од регионов да учествуваат во дискусии од различни области за во иднина да се подобрува развој на информатичката технологија“, истакна Бакали.

На конференцијата учествуваа претставници од државните институции, техничките организации и приватниот сектор. На отворен и транспарентен начин ќе се разменуваат и собираат идеи, размисли, поставување нови проблеми и теми кои ја засегаат оваа област, додава Сорина Телеану од извршниот комитет на SEEDIG .

„ Она што ќе произлезе од дискусиите ќе биде сумирано во пораки кои ќе го креираат ставот на државите од регионот, што потоа ќе ја претставува официјалната позиција на регионот по однос проблематиката пред паневропските и глобалните тела што ја унапредуваат областа на електронските комуникации , истакна Сорина Телеану, од извршниот комитет на SEEDIG.

Конференцијата за управување со Интернетот кај државите од поширокиот простор на Југоисточна Европа се одржа заедно со конференцијата за меѓународна регулаторна конференција за управување со интернет на АЕК со цел да се создаде синергија помеѓу управувањето со Интернет и телеком-заедницата, за да се развијат дискусии на теми од заеднички интерес.