Денес пратениците ги бираат програмата и составот на новата влада
За денеска во 12 часот е закажано продолжението на седницата на Собранието на која единствена точка од дневниот ред е програмата и составот на новата влада.
За денеска во 12 часот е закажано продолжението на седницата на Собранието на која единствена точка од дневниот ред е програмата и составот на новата влада. Според Деловникот седницата треба да заврши денеска на полноќ со гласање за новите министри.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера предупреди дека нема да толерира доцнење во собраниската сала и дека за денеска прв пријавен за дискусија е пратеникот Димитар Стеванаџија кој на собраниската говорница ќе треба да излезе точно во 12 часот.
„Во однос на времето сум прилично точен и не би сакал да дојдеме во ситуација да му одземам збор на тој што не дошол на време. Од утре да се знае, ако продолжуваме во 18 часот, продолжуваме во 18 часот. Да нема доцнења“, рече вчера Џафери на крајот од седницата.
Вчера мандатарот Зоран Заев ја претстави предлог програмата пред пратениците.