Министерството за локална самоуправа контра Државниот инспекторат за Локална самоуправа
Министерството за локална самоуправа контра Државниот инспекторат за Локална самоуправа.
Ресорното министерство одлучи контра Државниот инспекторат за локална самоуправа. Падна во вода одлуката со која инспекторатот ги поништи одлуките кои советите на општините ги донесоа по 24 март, а ги прогласија за незаконити поради истекот на мандатот на советитниците. Таквата одлука внесе уште поголем хаос во општините. Струшкиот вршител на должност градоначалник Мустафа Забзун информира дека утрово добиле писмен документ од Министерството за локална самоуправа со кој ги известуваат дека сепак се законски сите донесени одлуки на советот по 24 март.
„Добивме официјална информација од државниот инспекторат за ЛС дека сите одлуки кои сме ги донесле и на совет и во општината се запираат. Но, за среќа локалната, министрите и експертите ги разгледаа сите документи и акти. Денес добивме писмено од Министерството за Локална самоуправа дека сите одлуки на државниот инспекторат се ништовни. Се поништуваат и сите документи се валидни што сме ги донесле до сега“ рече Забзун.
Во моментов тековните и развојните процеси во општините меѓу кои и Струга не функционираат квалитетно, вели Забзун. Како градоначалници со истечен мандат немаме право на потпис и се кочи развојот на општините, а разврска се очекува со денешното формирање на влада и законските измени со кои ЛС ќе функционираат нормално“, напоменува Мустафа Забзун вршител на должност градоначалник на Струга.
„ Се надеваме дека оваа криза која траеше до сега брзо ќе заврши и треба да заврши. Ако не, не знам како ќе биде. Од нашите потписи зависат училиштата, градинките, противпожарните едници и многу работи. Да се заврши за да функционираме инаку ќе биде проблем ако процесот продолжи“, истакна Забзун.
ТВМ Телевизија се обиде да стапи во контакт со секретарот на охридската локалната самоуправа за да ги чуеме состојбите во општина Охрид, но тој не одговори на нашите телефонски повици.