Skip to main content

Амбасадорката Алтхаузер ја посети општина Струга

Амбасадорката  Алтхаузер  ја посети  општина Струга.

 |  Валентина Неловска  | 

Во работна посета на општина Струга денес беше германската амбасадорка Кристине Алтхаузер. Таа се сретна со вршителот на должност градоначалник Мустафа Забзун. Повод беше проектот на германската амбасада во детската градинка „Сонце“.


„Почитуваната амбасадорка учествува во еден проект на детската градинка во Струга од пред една година. Опремувањето на една просторија во детската градинка заврши успешно. Проектот е завршен и денес се дојдени да го финализираме тоа. Разговаравме за општи теми и за ситуацијата во Република Македонија“, рече Забзун.

За жал, во Струга поретко доаѓам, но радо сум тука. Имав можност да разговараме за многу работи со вд градоначалникот Забзун. Денес  очекуваме формирање на Влада  и ќе се отвори ново позитивно поглавје. Амбасадорката одговори на прашањето дали со формирањето на Влада во Р. Македонија очекува крај на досегашната политичка криза во земјата. Се пошегува и рече за да одговори на ова прашање би и требало кристална кугла.

„ Се надевам дека со ова ќе се отвори ново поглавје на полтичката сцена и ќе почне да се работи на реформи. Тоа беше и најприоритетното нешто Тоа се реформи во  процесите , децентрализација во смисла на финансиските услови на локално и на централно ниво. На господин Села му посакуваме побрзо да оздрави и да се врати во политичкиот живот“, кажа амбасадорката Алтхаузер.

ВД Градоначланикот Забзун и гермската амбасадоркА во земјава Алтхаузер дискутирале и за ситуацијата во општина Струга, за демографското движење и за состојбите поврзани со локалните избори.