Skip to main content

Меѓуетнички конфликт во Струга

Поединци даваат лоша слика за соживотот во градот, тврдат стружани.

 |  Билјана Колоска  | 
plaza
плажа
Меѓуетнички конфликт во Струга. Група од неколку албанци вчера попладне нападнале еден македонец, за ТВМ кажуваат очевидци. Неофицијално дознаваме дека на вчерашната тепака и претходела расправија помеѓу две лица инволвирани во тепачката. Најпрвин тие се степале претходниот ден за вчера да ја продолжат тепачката. За среќа инцидентот резултирал само лесни телесни повреди на дел од учесниците.

Случајот не бил пријавен во МВР, информираат од таму.
По вчерашниот меѓу етнички инцидент кој се случи во центарот на Струга, но овој пат инволвираните се полнолетни лица, се поставува прашањето дали соживотот во овој град е на задоволително ниво. ТВм направи анкета со граѓани од различни националности, еве го нивниот став дали има со Струга добар соживот помеѓу граѓаните од сите етнички заедници.

СтругаЗаеднички став на граѓаните е дека мирно живеат во Струга, имаат пријатели од сите националности и со еден збор кажаа дека овој град има голема толеранција и соживот помеѓу граѓаните од сите етникуми.

Струга важел и така ќе остане за град кој е пример како треба да се негува соживотот, ова во неколку наврати го потнецира градоначалникот Рамзи Мерко. Истиот став го споделуваат и од комисијата за меѓуетнички односи при о.Струга. Од таму кажуваат дека во оваа општина и за време на изборите се  покажа дека граѓаните имаат трпеливост и не паѓаат на провокации, а тоа е и еден од начините да се избегнат меѓуетнички конфликти, додаваат од таму.

{loadposition content9}