Skip to main content

Се чека укинувањето на екстерното тестирање

Трите закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта во Македонија денес треба да бидат на дневен ред во Собранието, сега веќе Министерката за образование и наука Рената Дескоска.

 |   | 

Трите закони со кои ќе биде укинато екстерното тестирање во основните и средните училишта во Македонија денес треба да бидат на дневен ред во Собранието, сега веќе Министерката за образование и наука Рената Дескоска.

Таа нагласи дека тоа е првиот чекор кон промените во образованието кое им го ветиле на граѓаните. Беа избрани надлежните комисии за законите во областа на образованието, кои се веќе договорени.

– Сакам да им порачам на учениците и на нивните родители – оваа година ќе нема екстерно тестирање – рече Дескоска.

На прашањата дали се реални шансите се’ да се заврши, со оглед на тоа што петок е неработен ден, а екстерното оценување почнува в понеделник, Дескоска одговори дека ќе направат се’ за да се усвојат измените на законите.

– Утре ќе работиме цел ден, а се случувало Собранието да работи во сабота и во недела. Ќе сториме се’ законот да биде донесен. Веќе наидуваме на разбирање, се одблокираа комисиите, се формираат нови, има и резервни варијанти како да се реши проблемот. Сепак, апелирам до сите пратеници во Собранието да бидат конструктивни, бидејќи укинувањето на екстерното тестирање е во интерес на учениците – рече Дескоска.

На прашањето дали постои можност министерот сам да го одобри законот, Дескоска повтори оти верува дека законот ќе биде донесен и оти ќе нема потреба да се употребуваат „резервните варијанти“ за решавање на случајот.

– Се надевам дека екстерното тестирање ќе биде укинато без да одиме со други подзаконски акти – изјави Дескоска.