Skip to main content

Еколошка акција за подводно чистење на дел Охридското Езеро

Еколошка акција за подводно чистење на дел Охридското Езеро. Целта е да се придонесе за будење на свеста кај граѓаните за заштита на езерото и на целокупната околина, велат од Спелео нуркачкиот клуб „Врело“. Денес, тие ја реализираа втората од вкупно десет планирани вакви акции.

 |  Николоска Биљана  | 

Подводно чистење на водите во Македонија. Вкупно 10 акции се предвидени во рамки проектот „За да не се правдаме пред идните генерации дека не сме се обиделе ништо да сториме за заштита на водите и природата“ во реализација на Спелео нуркачкиот клуб „Врело“. Денес тие во пресрет на главната туристичка сезона спроведоа две акции за чистење на отпадоци на охридските плажи „Кај Дивоно“ и пред хотелот Бетон.

„Се загадени во голема количина, вадиме претежно пластика и гума која што е тешко разградлива и мораме да ги менуваме навиките бидејќи нашите претци отпадот го фрлале по реките посебно планинските села меѓутоа отпадот бил поинаков, поприроден сега имаме премногу пластика, гуми железо се и сешто

Водите во Македонија се многу загадени со секаков вид отпад, забележува Ангелески. Додава дека една од целите на акциите за подводно чистење на водата е и да се сврти вниманието на јавноста околу грижата за животната средина.

„Целта ни е да испратиме порака до граѓаните дека не може насекаде низ водите да фрламе отпад бидејќи тој отпад тешко се разградува. Според статистиката дека пластика се разградува 100 години на отворено, а под вода уште толку, сакаме да упатиме порака до јавноста дека сите мора да ги менуваме навиките за да ја зачуваме животната средина, природата, а особено водите

Освен водите на Охридското Езеро, во наредниот период следуваат акции за чистење на Матка, Мавровско и Дојранско Езеро.