Skip to main content

Пуштена во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео

Комплетно завршена и пуштена во употреба пешачко рекреативната патека Кошишта – Лабино – Канео. Охриѓани и туристите добија уште едно уредено место за уживање во природата, пејзажот и секако рекреација.

 |  Николоска Биљана  | 

Денес градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески свечено ја пушти во употреба пешачката патека Кошишта – Лабино – Канео и два краци, еден кон плажата Лабино другиот кон Воска и Даљан. Добивме една целина, со која на граѓаните им нудиме место за релаксација, спорт и доживување на убави моменти во раскошната природа и пејсажи кои ги нуди погледот од оваа патека, истакна првиот човек на градот, Бакрачески.

„Го споделувам задоволството од реализација на овој проект и да се заблагодарам на сите оние кои што учествуваа во изведувањето на целокупниот проект од идеја дфо реализација. Се надевам дека охриѓани и гостите ќе уживаат во ова што гп нуди оваа патека. Првобитниот фитбек ни е одличен и не наидовме на ниеден лош коментар а тоа е потврда дека граѓаните со консензус го одобруваат и се задоволни во проектот“.

Бакрачески нагласи дека подршката на граѓаните ги мотивира и поттикнува и понатаму да продолжат со реализација на проектите кои се од интерес на граѓаните.

„Целта беше да во ова врме со години наназад кога настана тренсформација на општеството во РМ и секаде на просторите на бивша Југославија и кога луѓето на некој начин се затворија во себе, ни требаше да најдеме начин преку нашите надлежности и ингеренции да создадеме нешто поради кое што луѓето ќе излегуваат надвор, ќе се рекреираат, ќе спортуваат меѓуто главната цел е да луѓето заеднички се дружат“.

Во име на варошани благодарност изрази, претседателот на Урбаната Заедница, Стар град, Горан Патче.

„Во пресрет на новата туристичката сезона Охрид и граѓаните но и туристите кои го посетуваат добиваат една нова туристичка атракција. Иако патеката се наоѓа на територија на У.З Стар град сепак тоа е добро за сите граѓани. Во име на граѓаните и жителите од стар град се заблагодарувам на градоначалникот за ова прекрасно дело што денес го посетивме“

Пешачко – рекреативна патека, Кошишта – Лабино – Канео изградена е со камен и се вклопува во амбиентот и природата каде што сместени најзначајните туристички, културно историски и археолошки споменици. Патеката се протега на површина од околу два и пол километри и ширина околу метар. А за нејзина изградба општина Охрид од сопствениот буџет издвои 110 000 евра.