Пуштена во употреба пешачката патека Студенчишта, Парк
Со изградба и уредување на пешачко рекреативните зони во градов, сакаме да ги обновиме традициите, навиките и обичаите на охриѓани кои се надалеку познати во светот. Ова го истакна градоначалникот Никола Бакречесдки, кој денес свечено во употреба ја пушти патеката Студенчишта Парк.
Пуштена во употреба пешачката патека Студенчишта, Парк. За два дена градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, пресече две црвени ленти на спортско рекреативни зони во градов. Бакрачески не го крие задоволството од успехот во реализацијата на проекти кои според него се од огромно значење не само за охриѓани туку и за гостите кои го посетуваат Балканскиот бисер.
„Еден од начините да уживаме во природата е изградбата на пешачко рекреативни зони. Морам да бидам искрен и нескромен дека во овој период од две години откако почнаа првите градежни активности на оваа патека и откако почнаа да се надзираат поедините сегменти онака како што беа градени, добиваме пофалби од граѓаните на цела Македонија не само од граѓаните од Охрид“
Градоначалникот Бакрачески најави и нови содржини во рамки на рекреативно пешачката зона Студенчишта, Парк.
„На почетокот на патеката ќе изградиме и детско рекреативно игралиште кое што заедно со неколкуте во градов верувам дека успеавме да го доловиме вкусот и потребите на најмладите охриѓани“
Бакрачески рече дека пешачката патека Студенчишта Парк која има повеќе содржини веќе е тестирана од скејтерите, велосипедистите и од рекреативците. Но според него со изградба на овие зони успеале да го постигнат она што е најважно, а тоа е да ги натераат охриѓани да излезат надвор од своите домови да ја разбијат нивната монотонија уживајќи во прекрасниот амбиент на оваа уредена зона.