Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“
Прва соработка на Агенцијата за филм на Македонија со престижната професионална програма „Мидпоинт“, која важи за една од водечките европски програми за развој на филмски проекти. Дваесет и тројца млади сценаристи, продуценти и режисери од повеќе земји се дел од работилницата што во рамки на професионалната Програма за развој на филмски проекти „Мидпоинт“ за прв пат се одржува на Академијата за филм во Охрид.
Агенцијата за филм за прв пат остварува соработка со престижната професионална програма „Мидпоинт“, која што е една од водечките програми за развој на филмски проекти. Директорката на Агенцијата за филм Мими Ѓоргоска Илиевска вели дека голем предизвик е тоа што токму во Македонија се одвива една ваква значајна програма.
„Навистина се надевам дека ова ќе биде едно големо и значајно искуство за сите филмски професионалци кои се дел од работилницата. Ова ги потврдува нашите заложби, пред се заложбите на Агенцијата за филм, континуирано, покрај поддршката во однос на финансирањето на филмските проекти, континуирано да работиме и да ја развиваме стратегијата за едукација на филмските професионалци што е значајно при создавањето на нови филмски дела“ – вели Илиевска.
Донесувањето на една од најпрестижните програми во светот на развојот на филмски проекти не беше воопшто едноставно, вели режисерот Иво Трајков. Тој смета дека преку програмата „Мидпоинт“, нашата земја ќе биде повеќе издигната на филмската карта во светот.
„Проектите се филмови, во овој случај играни долгометражни од цела Европа. Едниот аспект е подобрување на кавалитетот и развојот на проектот за да може да биде способен за меѓународна конкуренција. Вториот аспект е обучување на професионалците како поефикасно и успешно да ги презентираат своите прокти едноставно кажано да ги продадат и третиот аспект е самата програма ги презентира проектите, бидејќи тие проекти се одбрани. Годинава од 75 пријавени од целиот свет само 9 се одбрани меѓу нив и еден македонски проект“
Уметничкиот директор на „Мидпоинт“, Павел Јех од Словачка ја појасни методологијата на програмата „Мидпоинт“,
„Со почетокот на независната продукција во Европа и „Мидпоинт“ своите почетоци ги врзува со искуствата кои ги користи од Санденс но и од искуствата кои тие на Фам ги имаат со индивидуална работа на проекти и индивидуални косултации на проектите што тие ги применуваат со своите студенти. Нивниот програм започна пред 8 години и се базира на работа на проекти од Централна и Источна Европа но се повеќе имаат проекти од цел свет“
После оваа работилница во Охрид следува и втора работилница, која од 15 до 21 Октовмри ќе се одвива во Прага. Македонските проекти кои ќе учествуваат на оваа работилница се: „Летото на Силвија“ на Андреј Волкашин и Елена Станишева, „Изгубениот син на Пашата“ на Сенад Абдули и Газменд Изаири и „Снежана умира на крајот“ на Кристијан Ристески и Симеон Дамевски. Инаку програмата „Мидпоинт“ е формирана на ФАМУ Прага во 2010 година, со цел зајакнување на креативна соработка помеѓу сценаристите, режисерите и продуцентите, во процесот на развој на филмскиот проект.