Skip to main content

Исечените дрва на булевар Туристичка наскоро ќе се заменуваат со нови

Исечените дрва на булевар Туристичка наскоро ќе се заменуваат со нови.

 |  Валентина Неловска  | 

Комисијата за сечење дрва од одделението за животна средина при Локалната самоуправа на барање на оделението за комунален развој донела решение да се исечи дрворедот на булевар Туристичка на влезот на градот. Во барањето било наведено дека кореновиот систем прави проблем на атмосферската канализација.
Дипл. шум. инж Јовче Цветкоски вели дека доколку дрвата прават проблем со кореновиот систем и го подигаат асфалтот има решение кое го применуваат во цивилизираните и еколошки освестени земји.


„Дрворедите се на тротоар и се прават лесни санации со мали градежни зафати. Се прават острови покрај стеблата да имаат корисна намена да може да се седне и да се влијае на кореновиот систем за да не се шири во горниот дел. Најверојатно овде се работи и се сече по тротоар и очигледно е дека најлесно е да се исечат и исчистат за потоа да се помине со асфалт. Тоа најмалку чини“, укажува дип. шум. инж.Јовче Цветкоски.

Цветкоски потсетува дека дрвата се благодет за луѓето и од еколошки и од амбиентален аспект. Добро е да се садат дрва кои успеват на ова поднебје како што се јасенот и чинарите, а не лигуструми и палми. Директорката на Комуналец задолжена и за хортикултурно уредување на градот најавува дека на Туристичка ќе засадат токму вакви стебла.


„Ги одстранивме старите, дотраени дрва. Дрворедите беа без добра крошна и стебла. Локалната изврши реконструкција на патеката. За 10 дена ќе посадиме убави дрва јасен и јавор ,“најави Скрческа.

Трендот на сечење дрва трае 10- тина години наназад. Исечени се многу стебла на Партизанска, на Димитар Влахов, на патеката на Студенчишта и кон Парк. Засадени се нови стебла на лигуструми и палми кои во меѓувреме се исушија. Од одделението за односи со јавност не откриваат дали до Комисијата за сечење на дрва некој испратил барање да се отсранат и исушените стебла од дрворедите на охридските улици.