Гори Португалија, прогласена тридневна жалост
Португалија е во тридневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари. 62 лица загинаа, а десетици се повредени од огнената стихија.
| | Сцена & Муабети
Португалија е во тридневна национална жалост во спомен на жртвите од шумските пожари. 62 лица загинаа, а десетици се повредени од огнената стихија.
Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со огнот на неколку фронта. Гаснењето сепак е отежнато од топлото време и силниот ветер, пренесоа агенциите.
Многу веројатно е жртвите да се зголемат, бидејќи се уште не се проверени изгорените куќи во оддалечените села.