Skip to main content

Дали Охрид ќе добие соларни кајчиња?

Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко- свест“ ангажираше тим од пет експерти од различни области со цел изработка на физибилити студија за одржлив транспорт во Охрид долж крајбрежјето, на потегот од Охрид до Св. Наум.

 |   | 

Студијата треба да даде идејно решение за велосипедска патека, автобуски и бродски транспорт на соларна енергија а треба да помогне и во разгледување на можностите за одржливо урбано планирање на Охрид.

Студијата ќе биде презентирана пред јавноста наесен, а од „Еко- свест“ се надеваат дека реализацијата на ова решение ќе биде висок приоритет на кандидатите за градоначалник на општина Охрид. Од Центарот за истражување и информирање за животната средина сметаат дека одржливиот развој на нашите најскапоцени заштитени подрачја е единствениот пат по кој нашата држава може да овозможи климатски отпорни заедници и локален економски развој со придобивки за сите граѓани во Македонија. Како дел од своите активности ова лето, Еко- свест објавува фото конкурс на тема „Природата Е Секси“.

На конкурсот се добредојдени фотографии кои ќе покажат дека нашата природа е убава, забавна и уникатна. Креативни фотографии кои од единствениот биодиверзитет и видови во земјата ќе направат приказна. Од пристигнатите фотографии 10 ќе бидат наградени со пакетчиња од Еко-свест, а сите фотографии ќе бидат изложени на „Природата Е Секси“- неделата на еко-активности во хотел Метропол, Охрид во организација на Еко-свест која ќе се одржи на крајот на Јули.