Tрадиционалната вечера-Ифтар
Oхриѓини од различни националности синоќа беа дел од веќе традиционалната вечера-Ифтар. Покрај големиот број на граѓани и претставниците на исламскат верска заедница од Охрид беше присутен и градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници. Бакрачекси кажа дека е горд што пред 4 години започнале со организирање на заеднички ифтар и што тоа полека ама сигурно прераснува во традиција.
Oхриѓини од различни националности синоќа беа дел од Ифтарот или вечерата која се практикува за време на рамазанските пости . На плоштадот кај Чинарот на отворено ИВЗ и Локалната самоуправа организираа заедничка вечера. По залезот на сонцето и ударите на тапанот кој го означија почетокот на Ифтарот, турци, албанци, египѓани и македонци седнаа на заедничката вечера. Покрај големиот број на граѓани и претставниците на исламската верска заедница од Охрид беше присутен и градоначалникот Никола Бакрачески со своите соработници. Бакрачески кажа дека е горд што пред 4 години, во 2013 , започнале со организирање на заеднички ифтар и што тоа полека ама сигурно прераснува во традиција. Задоволен е и од тоа што примерот на Охрид денес го следат и останатите градови во Македонија.
Навистина чуството е вдахновено да бидете тука меѓу своите сограѓани и гостите кои во масовен број дојдоа денес да ја одбележиме оваа заедничка ифтарска вечера во духот на заедништвото и во духот на солидарноста и толеранцијата, мирот и спокојот меѓу луѓето што всушност преставува и симболиката на организацијата на оваа вечера. Со ова испраќаме порака и до верниците од муслиманска вероисповед сите граѓани на Охрид и на РМ, кажа Бакрачески меѓу другото.
На овој несекојдневен настан беше присутен и Евроамбасадорот на Самуел Жбогар. Тој со нескриено задоволство рече дека на ваков начин се повеќе ќе се изгубат разликите меѓу луѓето како етнички така и верски и ќе остане само љубовта и почитта меѓу сите нас.
Денешниов настан преставува повод за луѓе од различни етнички и религиозни заедници или групи да бидат сплотени и заеднички да го слават овој муслимански празник. Културниот диверзитет е вредност која Еврпската унија многу ја почитува и овој пример во Охрид навистина е за пофалба и е можност да се види како може заедно да се живее и да се почитуваме едни со други, рече евроамбасадорот Жбогар.
На плоштадот, синоќа на Ифтар, заеднички вечераа околу 300 до 350 граѓани.