Германскиот експерт Рајнхард Прибе одржа предавање на Школата за природно право
Германскиот експерт Рајнхард Прибе одржа предавање на Школата за природно право
Рајнхард Прибе, правен експерт , дипломат од кариера и изготвувач на Извештајот за Македонија, кој беше составен дел од Пржинскиот договор, денеска присуствуваше на Охридската школа за природно право. Прибе пред магистрантите и докторите по право и политички науки имаше излагање во врска со владеењето на правото и европските интеграциски процеси. Прибе пред новинарите кажа дека не е дојден во политичка посета туку на средба со учесниците на школата пред кои ќе зборува за демократските предизвици на земјата и функционирањето на вредностите на Европската унија.
„ Немам конкретни пораки нити политички препораки туку отворена дискусија со учениците на школата. Од академска гледна точка ќе појаснам што значи интреграцијата во ЕУ за да биде подобро разбрано ,“ истакна Прибе.
25 магистранти и пет докторанти на правни и политички студии од сите универзитети во Република Македонија се учесници на еднонеделната Школа на природно право во организација на Македонската академија на науки и уметности и на Амбасадата на САД во Македонија. Предавачи се еминентни професори од земјава и странство.
Прибе по посетата на Охрид , во наредните денови се очекува во Скопје да има средби со владини претставници за итните реформски приоритети и за акцискиот план за нивно спроведување.