Ревидирање на проектите Скопје 2014 и Плаошник, најави Министерот за култура од Охрид
Ревидирање на проектите Скопје 2014 и Плаошник, најави Министерот за култура од Охрид .
Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски од Охрид најави дека ќе се ревидираат проектите Скопје 2014 и Плаошник. Рефасадирање и разместување на спомениците од проектот Скопје 2014 оваа година не е приоритет. Но, вети ревизија во состојбите, кои потоа ќе се стават на увид на граѓаните. Наскоро ќе излезат со детали и за проектот на Плаошник, каде ќе се утврдува колку и со каква катност се градени објектите на охридскиот локалитет.
„ Ќе има ревидирање во новиот ребаланс на буџетот и одредени зафати во однос на Плаошник. Сериозно пристапуваме на проблемот.Наскоро тим од Министерството за култура ќе учествува на меѓународната конференција на Унеско во Краков и ќе се фатиме сериозно ова лето и со ова прашање. Детален извештај е побаран и се изготвува. Имав увид во тесна анализа. Процес е кој се одвива во моментов“, рече министерот Роберт Алаѓозоски .