Skip to main content

Француски филмови во Охрид ќе се прикажуваат во септември

 Француски филмови во Охрид ќе се прикажуваат во септември.

 |  Валентина Неловска  | 

Фестивалот на француски филм во Македонија одбележува една деценија постоење. Половина од овој временски период фестивалот има нова концепција. Од Фестивал на францускиот филм во Охрид се преименува во Француски филм во Македонија. Десеттото издание годинава има нов пристап во презентирање на француската кинематографија во земјава, вели охридскиот филмски критичар Ѓоко Симајноски. Додава дека на 24 јуни во Скопје започна фестивалот, а ќе продолжи во десеттина градови низ земјава со прикажување на по три филмови. Проекциите веќе се одржаа во Велес и Прилеп.

Организаторот, Францускиот институт е во преговори со директорите на центрите за култура за да го дефинираат распоредот кога фестивалот на францускиот филм ќе гостува во останатите градови меѓу кои и во Охрид, напоменува Симјаноски.

 

„Според неофицијални информации фестивалот треба да дојде во септември .Но со кои филмови и во кој термин не знам. Организаторите уверуваат дека навреме ќе бидеме известени кога ќе бидат прикажани во Охрид“ вели Симајноски.

Во рамките на Фестивалот на Француски филм во Македонија ќе се прикажуваат 25 филмови. Според организаторите филмовите ќе бидат прикажувани по три филмови во секој град. Фестивалот зпочна со филмот од поновата продукција „Песната за Џанго“,кажува Симјаноски. Покрај филмовите од понова продукција ќе бидат прикажани и филмови од постарата француска кинематографија , вели Симјаноски.

„Некои филмови сме ги виделе во Охрид, како што е „Семејството Белие“ филм прикажан лани. Но, има и филмови од постара продукција од 2012 и 2014 година. Има и два – три наслови од поновата продукација . Француската кинематографија изобилува со прекрасни оставрувања кои не се на одмет да се погледнат“, препорачува Симјаноски.

Фестивалот Француски филм во Македонија ќе трaе до 19 ноември во рамките на фестивалот на Европски филмови „CINEDAYS“.