На Кеј Македонија се монтира забавен детски парк
На Кеј Македонија се монтира забавен детски парк.
Забрзано се прават завршните работи на склопување на реквизитите кои ќе го сочинуваат детското рекреативно забавно паркче. Детскиот парк ќе функционира во паркот покрај кејот Македонија, инфoрмираат од Фондот за комунален развој.
„ Во моментов се опремува ова детско повеќе наменско игралиште. Станува збор за играчки и реквизити кои се донација од Репубилика Турција донирани на одделението за туризам и локален економски развој. Реквизитите ќе бидат безплатни, а се уникатни за регионов и за прв пат се поставуваат во Охрид “, вели Љупчо Танески од Фондот за комунален развој.
Опремата за уредување на детското катче содржи 5 поголеми и 15 помали пропратни делови.Тие се наменти за забава на најмладите охриѓанчиња и останатите деца.
„Реквизитите ќе бидат поставени на површина од 150 метри квадратни. Подлогата каде што ќе бидат реквизитите ќе биде гумирана за максимален заштита на најмладите корисници да бидат безбедни при забавувањето и користењето на реквизитите“, вели Танески.
Поставувањето на реквизитите ќе заврши до 1 јули, а детското игралиште ќе функционира преку целата година. Низ населбите во градот и руралните средини се поставени повеќе детски игралишта .