Skip to main content

Нови контејнери за селекција на отпад во Охрид

За прв пат во Охрид ќе се селектра стакло во специјални контејнери. Друштвото за управување со пакување и отпад од пакување, ДОО Пакомак од Скопје, на ЈП „Охридски Комуналец“ му донираше 15 вакви контенјери. Тие според проценките на стручните лица од Јавното претпријатие се поставени на локации каде што има најголема потреба за тоа.

 |  Николоска Биљана  | 

Нови контејнери во Охрид за селекција на отпад. 15 пластични контејнери со специјална форма во вид на ѕвоно и со наменски определен отвор за одлагање отпад од стакло, деновиве се распоредени на исто толку локации во нашата општина. ЈП „Охридски Комуналец“ садовите ги доби како резултат на соработката што ја имаат со друштвото Пакомак од Скопје, информираше директорката на ЈП Елена Скрческа.

„Ние се стремиме кон се поголема селекција на отпадот, како дел од тој отпад би се искористувал, односно што помлку смет носиме на депонијата Буково. Прво ни е на голема далечина, второ помалку ја загадувале животната средина

Скреческа вели дека примената на новите и корисни практики секогаш се прифаќаат од нивна страна, со цел, не само градот да биде чист туку и да се подигне јавната свест за начините на кои може да се селектира и одлага отпад. Локациите на новите пластични контејнери за одлагање на стакло ги утврдија стручните служби на ЈП.

„Овие локации ги одбра ЈП „Охридски Комуналец“ односно ние предложивме онаму каде што навистина се депонира стакло, во деловите каде што има станбени објекти и најмногу каде што гравитираат угостителските објекти бидејќи тие користат и фрлаат стакло. Овие пластични звона поставени се само за таа намена и лесно се празнат и мора специјално возило да ги празни и собира стаклото

Директорката Скрческа не ја исклучува можноста да има и преместување на пластичните контејнери за селекција на стакло, ако се утврди некоја поприоритетна локација. Таа упати апел до граѓаните,да го селектираат одпадот и да не ги оштетуваат новите контејнери.