Навремено локализиран и изгаснат пожарот кај Кошишта
Со навремена и успешна интервенција на Територијалната против пожарна единица од градов, спречен пожар кај месноста Кошишта на улицата „Кирил и Методиј“. Противпожарните служби со апел до луѓето, да се однесуваат внимателно и одговорно и да не палат огнови на отворено.
Со навремена и успешна интервенција на Територијалната против пожарна единица од градов, спречен пожар кај месноста Кошишта на улицата „Кирил и Методиј“. Противпожарните служби со апел до луѓето, да се однесуваат внимателно и одговорно и да не палат огнови на отворено.
Навремено локализиран и целосно изгаснат пожарот во месноста Кошишта. ТППЕ од градов во 9:20 примила дојава за пожар на улицата „Кирил и Методиј“. За само 5 минути противпожарните служби пристигнале на самото место го локализирале пожарот кој целосно бил изгаснат во 9:45 минути. Горан Маркоски-заменик командир на ТППЕ Охрид вели дека опожарени за среќа биле само околу 300м 2 нискостеблеста вегетација. Дополнително ќе се утврдува причината за настанување на пожарот.
„Причината неофицијално, немаме такво овластување, но од она што го видовме на терен е неисправно улично осветлување, неофицијално. Сепак органите овластени за испитување, крим техника и останатите служби од МВР ќе дадат оцценка од што е настанат пожарот“, објаснува Горан Маркоски-заменик командир на ТППЕ Охрид.
Горан Маркоски-заменик командир на ТППЕ Охрид со апел до луѓето, да се однесуваат внимателно и одговорно и да не палат огнови на отворено.
„Од ТППЕ упатувам апел до сите граѓани на Општина Охрид и Општина Дебрца, да се внимава односно да не се вршат никакви палења на отворен простор. Во наредниов период очекуваме и засилен ветар кој може да го пренесе оганот и на друга непосакувана средина и истата да биде зафатена. Апелирам уште еднаш да не се врши палење на оган на отворен простор“ аплеира Горан Маркоски-заменик командир на ТППЕ Охрид.
Од ТППЕ од Охрид велат дека при гаснењето на денешниот пожар е интервенирано со две противпожарни возила и шест пожарникари.