„Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца“ одбележа 67 години од своето постоење
На истакнати пензионери од градов и земјава им беа врачени голем број на награди и признанија, а денешната прослава беше збогатена и со забавен дел за кој се погрижија членовите на КУД „Далги“ при охридското пензионерско здружение.
Охридските пензионери денес имаа две причини за прослава, го одбележаа и денот на пензионерите и 67-годишнината од своето постоење. На свеченоста во Центарот за култура „Григор Прличев“ присуствуваа претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија Драги Аргироски, заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев како и други гости од Здруженија на Пензионери на Врање, Здруженија на Пензионери Поградец Албанија, а за значењето и развојот на здружението се обрати, претседатедот на Извршниот одбор на здружението Ѓорѓи Трпчески.
„Што значи денеска имаме одбележување на една дејност на оваа трета доба која сакаме да ја споделиме со пензионерите и од пошироко и мислам дека самите констатирате како ни е“ рече Ѓорѓи Трпчески – Претседатедот на Извршниот одбор на ЗП на Охрид и Дебрца.
Денешната прослава беше збогатена и со забавен дел за кој се погрижија членовите на КУД „Далги“ при охридското пензионерско здружение, Пејачката група од Врање и на збратиметоно здружение Солидарност –Аеродорм од Скопје.
„Така да со една оригинална постановка ќе покажеме како вистински се белело платното во Охрид и Охридско, поготово во крајбрежјето и ќе се обидеме да покажеме една музичко сценска исзведба на таа песна.Па некаде околу два и пол месеци ја подготвуваме и сега ова ќе биде една промоција на оваа музичко сценска изведба“ објасни Ристо Трајкоски – кореограф и уметнички директор на КУД „Далги“.
На прославата беа врачени голем број на награди и признанија. Врачена му беше Повелба на претседателот на СЗПМ Драги Аргироски, плакети на Благица Маркукулеска, Ристо Трајкоски и Лолита Ѓонеска, а признанија на Ружа Баеска, Миланка Панделеска и Ристана Меруџеска.На свеченоста беше потпишана и Спогодба за соработка меѓу ЗП Охрид и Дебрца и ЗП Врање, Србија, истакна претседатедот на Извршниот одбор на здружението Ѓорѓи Трпчески. Во склоп на настанот беше прикажан и Документарниот филм „Охридските пензионери низ времето“.