Силен земјотрес и ноќеска во Охрид
Епицентарот бил на шест километри источно од Охрид
| инфодеск | Македонија
Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтер беше почувствуван во Охрид и ноќеска. Земјотресот e регистриран во 3 часот и 45 минути, а епицентарот на земјотресот е на 6 км источно од Охрид на длабочина од 6 километри и потекнува од охридското епицентралното подрачје.
Серија земјотреси во охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи во 11.39 ч. со јачина од 4 степени според Рихтер.
Земјотресите кои повеќе од десет дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето на тлото под Охрид, каде во овој период се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.