Со џез квартетот „Fourplay“ утре ќе старува Фестивалот Охридско лето
Со џез Квартетот Fourplay утре ќе старува Фестивалот Охридско лето. Музичарите за прв пат настапуваат во Македонија, а на публиката и ветуваат незаборавно доживување со нивниот препознатлив звук. На антички театар ќе бидат придружувани од Македонската филхармонија.Со џез Квартетот Fourplay утре ќе старува Фестивалот Охридско лето.
Светски познатиот, џез квартет Fourplay, утревечер, ќе го отвори 57 издание на „Фестивалот Охридско лето“. Во историјата на Фестивалот свеченото отварање ќе биде со програмска новина како што е џез музиката. Оливер Арсовски, директор на Фестивалот Охридско лето, напоменува дека за утрешниот музички спектакл и настап на џез квартетот има голем интерес.
„За прв пат во фестивалското издание ќе има џез настан кој предизвика интерес кај публиката. За утрешниот концерт пристигнуваат љубители на џезот од цел регион. Новина се и џез вечерите на 19, 21 ,22 и 23 јули “, истакна Арсовски.
На сцената на Антички, утревечер ќе свират членовите на квартетот Fourplay во состав Боб Џејмс на клавијатури, Неjтан Ист на бас, Харви Мејсони на тапани и на местото на Чак Лоуб на гитари ќе свири Кирк Валум. Тие заедно со Оркестарот на Македонската филхармонија, а под диригенската палка на Емин Џијан ветуваат незборавни музички моменти.
„ Уште првиот момент со Македонскиот филхармониски оркестар сфативме дека добро свират , имаат став и дух и планираат да не следат во она што сакаме да го изведуваме“, истакна Ист.
Квартетот Fourplay на музичката сцена е 26 години, настапувале насекаде во светот а во Македонија се за прв пат. Радосни се што ќе воспостават културен дијалог со публиката од земјава и регионот.
„Станува збор за прекрасна соработка меѓу македонската филхармонија. Тоа ќе биде прекрасно искуство за публиката ќе свириме во живо прекрасна мешавина на класична музика и џез музика“, открива Мејсон.
Во текот на 40 дневната фестивалска програма ќе бидат изведени 33 музички концерти, 9 театарски и 2 балетски претстави, еден филм за Охридскиот бисер и една изложба од Драган Спасески Охридски.