Skip to main content

ИЗИС:Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува

Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува, тврдат од ИЗИС. Тие Денес на пресс конференција кажаа дека опасноста од силен земјотрес е помината.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Тлото во Охрид полека ама сигурно се смирува, тврдат од ИЗИС. Тие Денес на пресс конференција кажаа дека опасноста од силен земјотрес е помината па сега се преминува кон утврдување на штетите од претходните.

Од она што го знаеме од други земјотреси тлото пополека се смирува. Можеби ќе потрае уште некое време да има послаби потреси , но ќе се смири. Ние со една поголема екипа веќе сакаме да излеземе на терен и да направиме уште една контрола на оние објекти каде се пријавени оштетувања, вели Вероника Шендова- раководител на одделот за конструкции и материјали во ИЗИС.

Не очекуваме да има големи оштетувања од овие земјотреси, но сепак мора да направиме еден повторен увид за да бидеме сигурни во тоа. Како едно искуство од оваа ситуација е тоа што ќе направиме испитување колку се сигурни објектите во градов како институции, болници , училишта и тн. За во иднина да бидеме помирни доколку се случи некој земјотрес, вели Шендова. Тимовите од ИЗИС остануваат и понатаму во Охрид и ќе бидат обучувани како да оценат и проценат колкави и какви се штетите од земјотресите. Градоначалникот Никола Бакрачески е во постојана корелација со нив во интерес на граѓаните.


Можеби ќе произлезе во иднина и предлог за измена на законската регулатива до Владата на РМ да се формираат тимовио кои во наредниот период тоа ќе го направат се со цел поголемите јавни објекти каде престојуваат поголем број луѓе во иднина да бидатиспитани колку се сигурни во случај на земјотрес, вели Бакрачески.

Кризниот штаб при општина Охрид функционира беспрекорно, вели претседателот Ангел Јанев. Тие и понатаму се постојано ангажирани во интерес на граѓаните кои претрпеа штети опри земјотресите.

Штабот до Министерството за транспорт и врски поднесе барање да дрѓавните инспекциски служби да дојдат во Охрид за да се преземат мерки кај објектите кои претежно се наоѓаат во стариот дел на градот а се прилично разрушени, вели Јанев.

Се надеваат дека министерството набрзо ќе излезе со одговор во таа насока. Кризниот штаб поднел барање и до локалните инспекциски служби за да извршат контрола на објекти кои се наоѓаат во околината на Охрид. Сите граѓани кои имаат оштетувања на своите објекти, а се живото загрозувачки тоа можат да го пријават во Кризниот штаб.