Skip to main content

Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“

Позитивни импресии од овогодинешниот спортско рекрреативен камп кој се одржува во хотел Десарет. Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт втора година го организира овој камп на кој учествуваат околу 100 деца од Македонија и Србија. Организаторите задоволни, а уште позадоволни учесниците.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Успешно завршува спортско едукативниот камп „Охрид 2017“. Уште два дена остануваат децата кои се дел од овој камп да уживаат во спортско рекреативните содржини кои им беа организирани како и во меѓусебната дружба која ќе ја паметат. Ова е втора година како Асоцијацијата Спорт за сите сите за спорт го организира овој камп и тие се презадоволни од тоа како се протекло.


Сите активности ги реализиравме ни останува уште утре целосно да ја заокружиме програмата. Впечатоците се крајно позитивни. Мислам дека сите ќе си одат со позитивни импресии. По завршувањето на овој камп ние почнуваме интензивно да се подготвуваме за наредниот, вели Антонио Додевски, организатор на кампот.

100 деца од Македонија и Србија ќе понесат прекрасни спомени во своите градови за спортските, забавните и едукативно образовните активности во кои уживаа изминативе пет дена, но и за дружењето забавата како и првите детски љубови. И оваа година 27 најдобри спортисти од Крагуевац се дел од летниот камп во Охрид за што трошоците им ги покрива општината од каде што доаѓаат.

Ова е одлична можност децата меѓусебно да се запознаат. Ние се дружевме во бивша Југославија па дури сме и збратимени градови Охрид и Крагуевац така да ова е многу добро што имаме повторно можност децата да се зближат и да се дружат преку спорт и забава, вели Драган Ѓорѓевиќ, претседател на градското сојуз на училишен спорт од Крагуевац.


Оваа година како дел од програмата за волонтирање на Универзитетот Роехемптон од Лондон на Летниот камп волонтираа и три студенти кои ја збогатија програмата на самиот камп кои придонесоа децата учесници да го прошират своето знаење од англискиот јазик.

Многу сум задоволна од кампот и неговата организација. Во Англија има кампови, но не се од овој вид. Тие се многу позатворени, додека на овој камп покрај активностите децата имаат и голема слобода во дружењето. Тоа многу ми се допаѓа и ќе се обидам да го пренесам кај нас и да го примениме во нашите кампови, вели Александра Смит, волонтер од Англија.


Oваа година и Бимилк се вклучи во кампот со заложба да обезбеди квалитетен живот за сите деца. Во таа насока вклучи деца од СОС Детското село, на кои покрај обезбедувањето на секојдневните потреби од млеко преку целата година, ова лето им овозможи и квалитетно време поминато во дружење, учење и спортување. Дополнително, Бимилк зеде учество и во едукативните содржини предвидени во кампот . Организаторите на кампот се задоволни како тој протече оваа година и најавуваат уште подобра организација догодина, а уште од сега размислуваат да внесат и некои новини како и да поканат гости и од останатите земји од опкружувањето.