Општа болница Охрид доби ново санитетско возило
Санитетско транспортно возило со комплетна опрема, доби општа болница Охрид. Тоа е од исклучителна важност за установата бидејќи досега болницата работеше со едно исправно возило, а во многу наврати ги покривала и брзата помош од Охрид, открива секретарот Антонио Наумоски.
Општа болница Охрид доби ново санитетско возило. Тоа е донација од јапонската амбасада и е во вредност од 2 милиони и 370 000 денари. Секретарот на општа болница Охрид, Антонио Наумоски вели дека возилото е единствено од ваков тип во регионот, комплетно опремено и истото ќе обезбеди поквалитетна услуга, но ќе го олесни и работењето на установата.
„После 11 години се стекнуваме со ново комплетно воило со сите стандарди кое треба да ги има едно санитетско возило. Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош која многупати не покриваше бидејќи немавме возило, од сега па понатаму сето тоа ќе биде минато ќе го искористиме нашето возило кое е со најдобра опрема досега во регионот “.
Д-р Валентина Милошеска, началник на интерно одделение вели дека новото возило е од исклучителна важност за општа болница Охрид.
„Со добивање на новото санитетско возило, секако дека и нас ќе ни биде олеснато. Ние имаме многу транспорти надвор од болницата, до клинички центар Скопје до Битола, така да со неговото добивање и за нас ќе биде многу полесно. Возилото е со комплетна опрема, со дефибрилатор, со оксигенатор така да ќе може кај пациентите и внатре во возилот да се интервенира.
Инаку од општа болница Охрид велат дека во мометов се добро екипирани со медицински персонал и покрај тоа што е време од летни одмори, време кога се соочуваат со зголемен обем на работа.