Skip to main content

Земјотресите во Охрид оставија дванаесет семејства без сигурен кров над глава

На дванаесет семејства им е потребна помош за реконструкција на оштетените куќи од серијата земјотреси во Охрид. Објектите  се од постара градба и во најголем дел се наоѓаат во населбата Билјанини извори, информираат од Комисијата за проценки на штети од елементарни непогоди.

 |  Валентина Неловска  | 

Дванаесет куќи градени во 60 -тите години од минатиот век претрпеле сериозни оштетувања од серијата земјотреси кој се случија во Охрид. На семејствате им е потребна помош за реконструкција на живеалиштата. Поголемиот број на објектите се во населбата Билјанини извори на улиците „Јане Сандански“ и “8-ми Септември“, информираат од Комисијата за проценки на штети од елементарни непогоди по увидот на терен .


„Тие се постари објекти и 12 семејства треба да се иселат и да им се најде некое решение“, укажува Раде Велјаноски од општинската Комисија за проценки на штети

До општинската Комисија за проценка на штети пристигнале 850 барања, а пријавуавњето на штети од охриѓани се очекува до крајот на месец јули. Од извршениот увид на терен членовите на комисијата констатирала оштетени куќи од постара градба и во други делови од градот. Најчесто има напукнати ѕидови, тавани, паднати ќерамиди и оџаци.

„Во цел град има од 1 до 5 категорија оштетувања, но најмногу има објекти од 1 до 3 степен. Најризичните се од 4 и 5 категорија“, кажа Велјаноски.

Општинската Комисија за проценка на штети увидот го прави заедно со претставници од Центарот за управување со кризи, а соработуваат и со професори од ИЗИС. Извештајот од терен мора да го достават до Советот на град Охрид, а потоа и до Влада , до Републичката комисија за штети најдоцна до 3ти септември.