Во топлите летни месеци меѓу најкупуваните медикаменти се вбројуваат и пробиотиците
Во топлите летни месеци меѓу најкупуваните медикаменти се вбројуваат и пробиотиците. Се бараат и кремите за сончање со висок заштитен фактор. Фармацевтите од Галиум фарм секогаш со корисни препораки до купувачите за користење на медимикантите.
Купувачите во летните топли месеци ги посетуваат градските аптеки. Се бараат разни видови лекови секој според своите здравствени или превентивни потреби. Меѓу најкупуваните фармацеутски производи во лето се пробиотиците и кремите за сончање, напоменуваат од охридската Галиум аптека. Пробиотиците се добри бактерии кои помагаат за балансирање на средината во целиот организам. Помагаат да сме здрави и отпорни на штетни бактерии и микроорганизми, напоменува дип. Фармацевт Љубица Јолеска.
„ Пробиотиците се купуваат во зависност која вироза владее. Следуваат средствата за сончање. Даваме препораки како да се заштити кожата кога има зголемено УВ зрачење , дали кожата е светла или темна дали е потребен заштитен факотор од 30 или 50. Како да се заштитат бебињата од УВ зрачаењето кое е со висок степен“, велат од Галиум фарм.
Фармацевтите од Галиум фарм секојдневно ги советуваат своите купувачи посебно кога станува збор за антибиотиците и седативите, нагласува Јолеска.
„Ние како фармацевти во соработка со докторите се трудиме да се употребуваат што помалку антибиотици и да се користат лекови во зависнсот од тоа дали се во прашање вируси или бактерии. Да се разграничи со миробиолошките наоди кој е причинителот. Во зависност од тоа се препорачува дали да се користи или не антибиотик“, споделува Јолакоска од секојдневието со купувчите и 10 годишното искуство од постоењето на аптеката Галиум фарм.
На пациентите купувачи фармацевтите од Галуим фарм во 10 годишното искуство од постоењето на аптеката споделуваат совети како за терапиите така и за користење на суплиментите и витамините.Витамините заради современиот начин на живеење помагаат и се важни, но мора рационално да се употребуваат и да се утврди дали има потреба организмот од нив и од кој витамини, подвлекува Љубица Јолeска од Галиум фарм.