Skip to main content

СВР Охрид со детали околу крвавата тепачка на улицата „Будва“

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. ( 79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид.

 |   | 

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „убиство“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. ( 79), З.С. (45) и Д.С. ( 24) сите од Охрид.

На 23-ти овој месец, околу 17 часот и 30 минути, пред продавница на пресекот на улиците „Будва“ и „Радојца Новичиќ“ во Охрид, случено е нарушување на јавниот ред и мир со тепачка, во кое од здобиените повреди лицето С.Г.(58) колабирал и починал на местото на настанот. Во нарушувањето на јавниот ред и мир, покрај тројцата пријавени од една, учествувале и сега починатиот С.Г.(58) и неговиот син М.Г. (29), од друга страна. Најнапред, се случила жестока вербална расправија помеѓу сега починатиот С.Г. и пријавениот Н.С. во кое се вклучил и М.Г. син на сега починатиот. По кратко време, на местото на настанот доаѓаат и во тепачката се приклучуваат, пријавените З.С. и Д.С. кои со физичка сила му нанесле повреди по главата на сега починатиот С.Г.