Граѓаните и понатака се жалат на низа проблеми во такси превозот.
Граѓаните и понатака се жалат на низа проблеми во такси превозот. Охридските таксисти подлежат на секојдневни контроли, тврдат од Локалната самоуправа. Сообраќајните инспектори само за дваесетина дена поднесле 7 прекршочни пријави за откриени посериозни неправилости во такси превозот.
Проблемите во такси превозот во Охрид актуелни секоја летна сезона. Граѓаните кои користат такси превоз се жалат на одредени таксисти кои одбиваат да возат на пократки релации во градот, возат без вклучен таксиметар, не издаваат фискални сметки или немаат поставени задолжителни налепници. Од Локалната самоуправа тврдат дека охридските таксисти подлежат на секојдневни контроли од Сообраќајните инспектори заедно со сообрќајната полиција. Само во месец јули биле констарирани околу 20 тина неправилности во такси превезот. Некои поминале само со записник да се одстранат забелешките додека некои добиле прекршочни пријави.
„ За жал поведени се 7 прекршочни пријави не можам секоја поединечно да ја образложам но се работи за неправилности затекнати кај компаниите и возачите, како што се недостаток на документација, лиценци , несоодветен таксиметар . 7 пријави биле посериозни прекршувања на законот за кој се поведени постапки“, напоменува Џамтоски.
Години наназад Локалната самоуправа преку низа мерки се обидува да стави ред во такси превозот , но пропустите се повторуваат посебно во летната туристичка сезона , подвлекува општинскиот портпарол. Една од мерките која ја презеде ЛС пред 4 години беше поставување на налепница во возилото со податоци за возачот, ценовник како и телефонски броеви на кои незадовилните патници може да пријавуваат нерегуларноти. Од такситите кои ТВМ ги контактираше кажаа дека налепници имаат ама ретко кој од нив ги лепи на видно место. Ова го потврдуваат и од општината и додаваат дека сообраќјните инспектори им наредувале на таксистите налепениците да бидат поставени на видно место во возилата.
„ Налепниците кои треба да бидат истакнати во возилата, а не се им било поосчувано на такситите да ги постават да стои бројот каде може да се пријавуваат одредени пропусти. Тоа им е укажано на на повеќе таксисти да го одстранат“, вели Џамтоски.
Од локалната самоуправа посочуваат дека граѓаните неправилностите во такси превозот може да ги пријавуваат во пазарниот инспекторат. Во сообраќајниот инспекторат при ЛС за контрола на такси превозот се ангажирани две лица.