Skip to main content

Протерани единаесетмина албански државјани од земјава

Денес се протерани единаесетмина албански државјани  од земјава.Тие пред два дена биле затекнати во непосредана близина на струшката депонија во привремени живеалишта. Полициските служби утврдуваат дали овие лица имаат директна поврзаност со палењето на дивата струшка депонија.

 |  Валентина Неловска  | 

Единаесетмина албански државјани денес се протерани од земјава. Биле затекнати во непосредна близина на струшката депонија која била и нивно привремени живеалишта. Тие се протерани од земјава по изречената мерка од Јавното обвинителство во соработка со полициската станица, а при тоа им е изречена мерка забрана за влез од една година во Македонија, информира Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.


„Единаесеттемина се затекнати на 25 -ти овој месец на депонијата каде имале изградено импровизирано живеалиште и работеле на собирање на пластичен отпад. Со претходна консултација на јавното обвинитетсво им се изречени соодветни пријави за нелегален престој во државата и нелегална работа на подрачјето на Струга, “информира Димоски.

Дел од протераните лица претходно во земјава влегле илегално , а други  легално. Од полицијата нема конкретни информации дали овие лица имаат дирекно учество во палењето на депонијата.


„ Посебен тим на полициски службеници сеуште ги утврдуваат околностите дали нивното присуство и делување на депонијата е директно поврзано со нејзиното палење. Она што ќе произлезе од истрагата ќе биде предмет на полицијата и јавното обвинителство “, кажа Димоски

Единаетмината албански државјани живееле неколку дена на депонијата,а од вчера депонијата повтроно гори. Чад и миризба од депонијата се ширеа и денес, а проблемот со горење на струшката депонија трае два месеци.