Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот
Струшката депонија која гори го зема својот данок од туристичката посетеност на градот. Странските туристи кои летуваат во Струга се појасно го изразуваат своето незадоволство и се закануваат дека ќе го скратат својот престој поради депонијата која гори и шири чад. Од граѓанската иницијатива „Доста е“ денес со предлози за конкретно решавање на проблемот со дивата депонија кој ги мачи стружани подолго време.
Странските гости кои летуваат во хотел Дрим на струшката ривиера се закануваат дека ќе заминат од Струга заради чадот и реат кои се шират од депонијата која гори. Тие доаѓаат од еколошки освестени средини и се чудат како во една европска цивилизирана земја може да се случува вакво нешто, велат од хотел Дрим.
„Доаѓаат реагираат и бараат да се изгаси депонијата или ќе го напуштат хотелот. За среќа, досега никој не си отишол но сме должни да реагираме до институциите да сопре ова палење со депонијата“, вели Ана Јанчева од хотел Дрим .
По вчерашното , повторнот палење на депонијата, се оглaсија и од граѓанската иницијатива „Доста е“. Со соопштение до јавноста информираат дека ќе продолжат да вршат притисок до властите на локално и државно ниво за трајно решавање на проблемот со дивата депонија. Напоменуваат дека не се задоволни од текот на конкртени решенија за дислокација на депонијата и по два месеци од средбата со високи владини претставници. Од “Доста е“ бараат итна средба со премиерот Зоран Заев со стружани и со претставници на граѓанската иницијатива. Предлагаат централната во соработка со локалната власт да ја оградат депонијата со бодликава жица, да постават видео камери и 24 часовна чуварска служба, ккао и и полициски патроли и пожарникарски возила. Исто така, предлагаат надминување на партиските препукувања и власта да го прифати предлог амандманот на опозицијата за издвојување на средства во висина од 200 милиони денари за дислокација на депонијата.