Skip to main content

Кампањата „Секогаш возам одморен“ денес во Охрид

Во екот на летната сезона многу честа причина за сообраќајните незгоди е заморот и недоволниот сон кај возачите. Под мотото „Секогаш возам одморен“ денес во Охрид претставници на Министерството за внатрешни работи вршеа редовна контрола на возилата.

 |   | 

Сеуште загрижува црната статистика за бројот на жртвите во сообраќајните несреќи во земјава. Возачите со надеж и намера да стигнат побрзо до саканата дестинација, поаѓаат на пат со недоволно сон, акумулиран замор и со тоа ја доведуваат во опасноста на сите учесници во сообраќајот. Под мотото „Секогаш возам одморен“ денес во Охрид претставници на Министерството за внатрешни работи вршеа редовна контрола на возилата. Стнаува збор за дел од кампањата „Јас внимавам“ иницирана од компанијата ОКТА.

„Безбедносната состојба во сообраќајот оваа година не е на завидно ниво или искажано во бројки заклучно со месец јуни оваа година изгубивме за жал 48 човечки животи. Споредбено со истиот период од минатата година кога бележиме 68 жртви, наизглед статистички имаме намалување на истите но тоа не значи дека треба да бидеме задоволни од овие показатели“, објаснува Д-р Трајче Георгиев – главен инспектор за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи.

Активностите за овој месец кампањата ги префрли во Охрид, каде во овој период од годината сообраќајот е со зголемен интензитет и возачите честопати не посветуваат внимание на тоа дали се доволно одморени пред да тргнат на пат. Промотор и поддржувач на активностите на кампањата за овој месец е пеачот Ѓоко Танески. Тој изјави дека многу често му се случива да вози изморен после вечерните настапи кои ги има насекаде низ земјата и странство, но дека станува збор за навика која е свесен дека мора да ја промени.

„Последниве година две го искоренувам тоа патување навечер бидејќи многу често ми се случува да доаѓам дома како вели народот здрав и жив иако имене ми се случило како и на сите што ни се случилода подзаспиеме на волан. Апелирам до сите возачи да не возат уморни посебно не пијани. За жал јас го изгубив најдобар другар во сообраќајна незгода, така да повторно до сите аплеирам да не возат уморни“ кажува Ѓоко Танески.

Денес совесните возачи беа запирани по случаен избор и беа наградувани со вредносни ваучери за гориво од ОКТА и секако беа потсетувани да возат одморени. Кампањта „Јас внимавам“ досега со своите активности аплеираше до граѓаните да не возат под дејство на алкохол, да користат заштитен појас, велосипедистите да возат по обележаните велосипедски патеки, а мотоциклистите да носат заштитен шлем.