Skip to main content

Охридските пожарникари со полни раце работа

Охридските пожарникари со  полни раце работа. Само во месец  јули интервенирале три пати повеќе во споредба со истиот месец лани. Пожарникарите гаселе пожари не само во Охрид туку и во Дебрца, Струга , Ресен  и  Македонски брод.

 |  Валентина Неловска  | 

 

Во месец јули охридските пожарникари имале полни раце работа што од огнени стихии што од земјотресите. 62 интервенции го одбележале месец јули од кој 38 пожари и 24 технички интервенции. Најмногу гасење пожари имало на отворен простор дури 31 интервенција, 4 пожари на објкети и и 3 на моторни возила, информира заменик командирот Горан Маркоски.



„ За одбележување е тоа што сме реагирале и на соседни територии.Преку Дирекцијата за заштита и спасување при Владата на РМ е побарана помош да интервенираме во Струга во 2 наврати, во Ресен, Дебрца се гасени 8 пожари, на 31 јули и во Македонски Брод во селото Требовље е испратена екипа од 3 пожарникари и едно противпожарно возило“, подвлекува Маркоски.

Во Дебрца е прeдизвиканa поголема материјална штета од пожар кој во атарот на село Волино зафатил земјоделски површини насадени со жито , како и овошни насади со цреши и јаболка. Од сите пожари на отворено најголем виновник бил човечкиот фактор, посочува Маркоски.


„ Неповолните временски услови, високите температури и сушата, но човечкиот фактор бил дури во 99 посто од случувањата прeдизвикувач за опожарувањата од намерно однесување или од невнимание“, вели Маркоски.

Во месец јули мината година интервенциите на охридските пожарникари биле околу 3 пати помали. Интервенирале 19 пати, од тој број 11 интервенции биле на гасење пожар на отворено, 4 бил на објекти и 4 пати пожарникарите интревенирале на моторни возила, подвлекува Горан Маркоски од охридската ТПЕ .