Нити една охридска плажа не е прилагодена за телесните инвалиди
Нити една охридска плажа не е прилагодена за телесните инвалиди. Ни локалната и ни држават не покажаа слух за лицата со инвалидитет да им овоможат пристап на охридскто крајбржеје. Со години Здруженеито Мобилност и ОО Црвен крст бараат на крајбрежјето да се уреди плажа за овие лица но досега безуспешно.
На охридското крајбржје нема нити една плажа на која може полесно да дојдат лицата со телесен инвалидитит. Десетина години ни локалната самоуправа ни државата не покажаа разбирање да се уреди барем една плажа за потребите на овие лица. Од ОО ЦК Охрид напоменуваат дека од 2005 година се обидуваат кај надлежните да ја поттикнат добрата волја и да се адаптираат плажите на охридскиот брег за лицата со инвалидитет како што е насекаде во светот.
„Не може ресорт или поголем хотел да немаат достапно место каде што човек со количка ќе може да влезе и да се искапи со посебна количка на таа плажа. Ние имаме многу искуства кој сме ги презеле и научиле, сме во тек со сите светски стандарди и со обуките и знаењата но за жал не е практично и да чекорите напред, а институциите не ве следат“ вели претседателот на ОО ЦК Сашо Точков.
На потребата од прилагодени плажи за лицата со телесен инвалидитет со години укажуваат и од сојузот на лица со телесен инвалидитет Мобилност. Во пракса тешко оди реализирање на декларативната поддршка од институциите дека ќе го реализираат она што го превидува Законот за градба и Правилникот за утврдување на начинот за пристап до објектите и надвор од објектите за лица со телесен инавлидитет.
Во Мобилност членуваат 8.200 лица со телесен инвалидитет. Многу од нив летуваат во апартманите во нивното одморалиште во Охрид кај Охридатите.