Локални избори на 15 октомври
ДИК, надлежна за спроведување на изборите соопшти дека избирачкиот список е прочистен
„Македонија на 15 октомври ќе гласа за избор на градоначалници и членови на општинските совети. Собранискиот спикер, Талат Џафери, денеска ги распиша локалните избори, а решението ќе го добие и Државната изборна комисија. Изборната кампања, како што најави тој, ќе започне на 25 септември – дваесет дена пред изборите. Во тој период нема да има пленарни седници, со цел тие да не се претворат во предизборна арена“, рече Џафери. Тој им порача на партиите и институциите да создада услови за демократски изборен процес.
„Во периодот, на денот пред изборите и на самиот ден на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и законските одредби, а надлежните институции да обезбедат целиот изборен процес да помине во мирна, фер и демократска атмосфера“, изјави Талат Џафери, претседател на Собрание на Република Македонија.
Државната изборна комисија, надлежна за спроведување на изборите соопшти дека избирачкиот список е прочистен и тие се подготвени за спроведување на изборот на градоначалници и членови на општинските совети.
Изборите кои требаше да се одржат во првата половина на мај, беа одложени за октомври, со последните измени на изборниот законик по изборот на новата Влада. Основна цел зад измените беше да се надминат заканите кои им претстоеја на локалните самоуправи поради кулминацијата на политичката криза.