Импровизирани тезги распослани на тротоарите околу градскиот пазар создаваат сообраќаен метеж
Импровизирани тезги распослани на тротоарите околу градскиот пазар создаваат сообраќаен метеж. На и онака претесниот простор околу времениот пазар, на коловозот се разминуваат пешаци и возила се создава метеж, а на тротоарите продавачи на земјоделски производи. Од градски пазар наплаќаат дулија без да овозможат минимални продажни услови на земјоделците кои на пазарниот ден доаѓаат од околните села. Полицијата ја нема никаде да воведе ред.
Понеделник е пазарен ден во Охрид, но истовремено и ден кога туристичкиот центар пред гостите испраќа грда слика и сообраќаен хаос од т.н место градски пазар. Тротоарите околу пазарот се претвараат во продажен простор со поставување на импровизирани тезги на земја. Се создава невидена мешаница која наликува на земјите од третиот свет. Коловозот за мотороните возила се претвора во место каде што се создава сообраќаен хаос при несоодветното тргување. Тука врие од продавачи и купувачи, паркирани возила за дотур на стока, пешаци и разни учесници во сообраќајот кој едвај се разминуваат, а многу често го блокираат нормалното одвивање на сообраќајот. Улицата која води кон влезот на подзмените гаражи на зградата во непоредна близина на пазарот е најчесто попречена за движење од паркирани возила кој вршат дотур на стока. Иако, постои знак забрането паркирање и задржување никој не го почитува. Полиција нема ни за лек.
Во непосредна близина на еден од влезовите на пазарот се поставени контејнери за отпад од кои се шири реа и смрдеа од високите летни температури. Пазарните инспекотри, како и санитарните за храна и ветерина, заборавија на прописите каде се продава храна. Прозводите за продажба изложени на земја не навраќаат на слики од минатото од пред 5 децении во 60 и 70 години од минатиот век кога градот немал соодветен пазар. За среќа тогаш немало толку моторни возила кои испуштаа издувни гасови како денес, а кои завршуваат директно во храната. Околу таканаречениот пазар во понеделник индивидуалните производители не по своја вина се изложени на недостоинствена продажба на она што го сработиле со многу труд. Производителите на земјоделски производи од околните села за несоодветни услови плаќаат и по 100 денари дулија за она што градските власти и јавното претпријатие го нарекуваат градски пазар. Тони Коталески , директорот од ЈП Градски пазар , вообичаено за него, денес беше недостапен да даде одговор за јавноста зошто им наплаќаат на луѓето дулија и дозволуваат продажба на земјоделски и овошни производи на импровизирани тезги на земја кога за тоа нема услови и е под секакви стандарди.
Она што секојдневно се случува на просторот, каде времено се организира зелен пазар додека не се изгради затворениот градски пазар, покажува дека е направен лош избор на локацијата.