Skip to main content

Православните верници денес го слават празникот посветен на Св.Петка

Православните верници денес го слават празникот посветен на Св.Петка. Манастирот во Велгошти беше преполн со верници кои и по жешкото време дојдоа да се поклонат и да се помолат за здравје. Верскиот храм не само што е посетуван на овој ден, туку на духовно поклониние тука секојдневно доаѓаат верници, напoмeнуваат свештениците.

 |  Валентина Неловска  | 

Манастирот Св.Петка во близина на Велгошти, охридско, денес  беше исполнет со голем број верници. Охриѓани и мештаните масовно го посетуваат ова свето место и го празнуваат овој празник.

„Тие се молат за здравје на своите блиски и упатуваат благослов до сите за мир и благосостојба на луѓето“.

Отец Никола Кипријанов кажува за значењето на овој празник кој секој 8 август и во очи на овој ден е масовно посетен од христијанските верници кои доаѓао манастирот  во чест на Велика Параскева, во народот позната како Св.Петка Римјанка. Свештеникот раскажува дека верниците не само што масовно доѓаат на овој ден во годината, туку со молитва и свеќа го посетуваат манастирот и во другите денови од годината. Прекрасниот видик и тишината кои се шират од овој храм, на верниците им нудат душевен мир.


„Култот кон празникот на света Петка е голем како во земјава, така и во охридско. Така секој петок во манастирот има света божествена литургија, а и преку цела година секој ден има посетители во манастирот“ , кажува отец Кипријанов.

Во близина на храмот Св.Петка има лековита вода за која се верува дека помага во лекување на видот. Манастирот на овој ден за сите христијани организира ручек во чест на Преподобна маченица Параскева.