Градежните фирми и фабриките за текстил во Охрид ги почитуваат препораките за работа
Градежните фирми и фабриките за текстил во Охрид ги почитуваат препораките за работа во жолта и портокалова фаза, информираат од Инспекторатот за труд. Инспекторите во контрола на почитување на условите за работа во согласност со издадените препораки.
Фирмите чии работници се изложени на високите темперaтури ги почитуваат препораките за работа во жолта и портокалова фаза. Досега Инспекторите за труд во Охрид издале само едно решение за забрана на градежна фирма, а изрекле 12 укажувања со правен указ. Во Струга пак, има 11 решенија за забрана. Поголемиот дел од градежните фирми и текстилните фабрики каде што нема добра климатизација се придржуваат кон препораките нивните работници да не работат од 11 до 17 часот.
Фирмите прават попладневни смени за работа, велат од Инспекторатот за труд и досега на адреса на инспекторатот не пристигнале пријави за прекршување на препораките. За прекршителите има високи казни и прекршочни пријави. Препораките ги почитуваат и охридските јавни претпријатија Комуналец, Нискоградба и Водовод.