Skip to main content

Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор.

Клубот на млади од охридскиот црвен крст организираат собирна акција на школски прибор. Охриѓани и компаниите може да донираат прибор наменет за првачињата. Оние кои ќе се вклучат тоа може да го направат во работните денови до крајот на август во просториите на Црвен крст.

 |  Валентина Неловска  | 

Собирање на училишни торби, тетратки и друг школски прибор за првачиња е новиот проект на волонтерите од Клубот на млади при охридскиот ЦК. Младите активисти од оваа организација ги повикуваат сите хумани луѓе да се приклучат на акцијата намнета за првчињата од Охрид и Дебрца. Ова не е прв пат волонтерите да организираат донаторска акција за децата кои прв пат влегуваат во училишните клупи, информира Ѓоко Маркоски од Клубот на млади.


„Во изминатите години сме помагале на одредени деца со школски прибор, но сега се одлучивме за помасовна акција за да се мобилизираат повеќе граѓани и фирми кои ќе им помогнат на повеќе деца“, подвлекува Маркоски.
Акцијата стартува од денес, а сите заинтересирани може да се информираат на Фејсбук страната на ЦК. Од општинската организација ја поздравуваат иницијативата на младите волонтери. 

„Собирната акција да се одвива повеќе денови до крај на месец август во нашите простории во работно време. Оние кои не можат да го донесат приборот волонтрите ќе се органзираат и ќе го подигнат од посоченото место, напоменува Ставреска.

Само во општина Охрид во учебната 2017/2018 година според евиденцијата, во прво одделение во охридските училишта треба да стартуваат 611 првачиња. Во првиот уписен рок, во месец јули биле запишани околу 500 ученици.