Дел од охридските таксисти и годинава со цени од „ракав“
Туристите но и охриѓани и годинава се жалат дека таксистите наплаќаат двојно поскапо во текот на туристичката сезона. Тоа не е ништо ново барем последниве неколку години за време на туристичката сезона. Општина Охрид и Хотелската Асоцијација засега само со предлози до релевантните институции, кои мерки би можеле да се преземат да се надмине овој хроничен проблем.
Таксиметарот на дел од охридските таксисти работи по „странски“ тарифи. Не прекинуваат поплаките на туристите но и на охриѓани упатени до такси превозот во градов посебно за односот на неколку „нервозни“ таксисти кои бараат баснословни суми за превоз до атрактивните дестинации, Св Наум, Градиште, Љубаништа, Пештани.. Дел од коментарита на корисниците на такси превозот во градов допреа и до нас како медиум. Тие бараат јавно да ги посочат таксистите на кои стартот им е 100 денари, со што укажуваат дека се прекршува одлуката на Советот на општина Охрид која има одобрено 50 денари за старт.
„Јавно ги замолувам таксистите и сите оние кои ги нудат услугите поврзани со убавиот престој во Охрид, да внимаваме да бидеме на еден степен повисоко од понудата што можеме да ја дадеме. Сепак туристите треба од една страна да се чуствуваат пријатно а од друга страна да не бидат изманипулирани.
Од Хотелската асоцијација на Македонија, сметаат дека хаосот кој се создава во такси превозот за време на туристичката сезона може да се надмине со унифицирање на такси превозот во Охрид и Струга .
„Во однос на на такси превозниците имаме доставено стотици дописи до општините, министерствата да се земе во обзир, првенствено заради безбедноста на гостинот како тој ќе се осеќе безбедно. Не треба таксистите ова да го разберат како хајка, но напротив како да го направиме стандардот да биде на повисоко ниво и како да се има доверба кај сите. Ние побарваме да бидат унифицирани и што е најважно ознаката на такси превозникот и ознаката на почетна цена на превозот и колку доаѓа по километар и тоа да биде видливо за гостинот да не биде во заблуда“
Блажески кажа дека имале и некои други барања кои се однесуваат на такси превозот во туристичките центри, во поглед на однесувањето и културата на таксистот, неговата облека и сл, исто така да се означат и местата каде треба да се паркирани таксистите, а не на едно место сто таксисти. Исто така Блажески смета дека секој легален таксистот треба да има беџ за идентификација за да можат корисниците на услуги да знаат од кого биле оштетени или пак кого треба да го пофалат ако имаат добра услуга.