Затворањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна
Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов
Затварањето на Охридско лето со театарската претстава „Ничија земја“ ќе се одигра во некогашната охридска касарна Михајло Апостолски. Од неколку локации овој простор е избран како најавтентичен за да се одигра завршната претстава на Охридско лето. Деновиве ќе започне сценското адаптирање на просторот за кој дал согласност и режисерот на претставата Александар Морфов.
Охридската касарна избрана како најавтентична локација за претставата „Ничија земја“. За локацијата согласност дал и Александар Морфов , во моментов најпознатиот европски режисер. Театарската претстава „Ничија земја“ има специфична тема и бара посебна сценографија, а дворот на охридската касарна е избран како најсоодветен , напоменува драмскиот селектор Зоран Љутков.
„ Барајќи сцени со тимот на Охридско лето, сцeнографот и режисерот Александар Морфов овој дел е најкомпактибилен за темата војна за која го имаме најавтентичниот простор за претставата. Најверојатно во сценографијата ќе се извадат некои делови затоа што тие елементи ги има овде. Овој простор и за Охридско лето ќе е предизвик, бидејќи фестивалот е познат по отворените сцени и содржини за кој се бараат автентични простори“, вели селекторот Љутков.
Деновиве ќе започне адаптацијата и уредувањето на просторот, а за сценографијата главниот збор го има Валентин Светозарев . Тој е долгогодишен соработник на режисерот Александар Морфов со кој работеле претстави во Македонија, Русија, Бугарија. Со претставата „Ничија земја“ на Македонскиот народен театар завршува 40 дневното Фестивалско живеење на 57 издание на Охридско лето.
„Успехот и погодокот за оваа претстава е без дилема. Во претставата игра поголем дел од ансамблот на МНТ меѓу кои е колегата и познатиот актер Сашко Коцев. Сите во претставата се одлични и во моментов е најпопуларната претстава на МНТ. Затоа ја селектиравме да биде на затварањето на Охридско лето“, напоменува Љутков.
Покрај Сашко Коцев, во претставата играат и Никола Ацески, Александар Михајлоски, Гораст Цветковски, Алксандар Микиќ, Камка Тоциновски,Марија Кондовска и др. Претставата е работена според сценарио на Данис Танковиќ.