Сеуште има слободни места во ученичкиот дом на угостителското училиште во Охрид
На двата конкурси јунскиот и августовскиот, вкупно се запишани 102 ученици во училишниот дом при угостителскот училиште „Ванчо Питошески“ од Охрид. Останати се уште малку слободни места кои учениците ќе можат да ги искористат до крај на месец август, до кога е и крајниот рок на августовскиот конкурс.
Сеуште има место во ученичкиот дом кој работи во рамките на ОУ „Ванчо Питошески“, Охрид. Во овој дом може да се сместат 135 ученици информираше заменик директорот на училиштето Перчо Божиноски. Додава дека во двата уписни рокови, јунскиот и августовскиот досега биле запишани 102 ученици. Божиноски спомна дел од условите кои треба да ги исполнуваат учениците за престој во домот, а исто така кажа дека сместувањето и оброкот на учениците е бесплатен, односно трошоците ги покрива Министерствот за образование.
„Учениците најпрво пополнуваат електронска пријава, од оваа година имаше измени во конкурсот за прием на ученици… потоа ги поднесуваа документите во Министерството за образование. Условите се пропишани и застапени во конкурсот во неколку точки, треба да е над 25 километри одделечен од местото на живеење итн а најмногу ученици имаме од Прилеп, Битола, Дебар и од цела Македонија“
Заменик директорот ги пофали условите во кои престојуваат учениците. Кажа дека условите се солидни и дека во текот на летниот период работат на поправки и обновување на деловите, односно собите каде што е тоа неопходно.
„Има три спратови домот, собите се трикреветни, на првиот престојуваат девојчињата додека пак на вториот и третиот момчињата. Секоја од собите си има свое посебно купатило и моментално периодов го користиме за реновирање, молерисување и ситни поправки, за да може нормално да функционира домот“
Инаку Божиноски кажа дека учениците откако ќе станат нивни корисници, мора сами да се грижат за хигиената како и за зачувување на постоечкиот инвентар. Во спротивно, доколку се оштети инвентарот тие имаат потпишано изјава односно согласност, доколку дојде до тоа сами да ја платат штетата односно нивните родители, кои се потписници на договорот.