Германецот Aлександар Студзински и италијнката Барбара Позобон се победници на 31-от Охридски пливачки маратон
Германецот Aлександар Студзински и италијанката Барбара Позобон се победници на 31-от Охридски пливачки маратон. Во изедначена битка за првото место тие беа најбрзите маратонци во бробата за првото место меѓу дваесет и двајцата учесници. Нашиот Евгениј Поп Ацев се пласира на второто место.
Aлександар Студзински од Германија во машка и Барбара Позобон од Италија во женска конкуренција се победници на 31виот Охридски пливачки маратон. Победата на двјцата пливачи беше мошне неизвесна и тесна, ги делеа секунди од останатите тројца маратонци. Девојките од Италија рамо до рамо се бореа со натпреварувачите во машка конкуренција и секунди одлучуваа дали годинава победник на маратонот ќе биде пливач или пливачка. Победникот Студзински до целта пристигна за 5 часа 15 мин 14 сек и 36 стот, а само 37 секунди по него доплива Барбара Позобон со време од 5 часа 15 мин 51 сек. Второпласираниот Македонец во машка конкуренција Евгениј Поп Ацев загуби за една секунда од првопласираниот Студзински со време од 5 часа 15 мин 15 сек и 69 стотинки.
Германецот Студзински задоволен од победата и од условите во кои се одржа трката.
„ Не очекував да победам бидејќи минатата година имав операција на рамото. Ова ми беше само втора трка по операцијата. Не очекував да победам, сакав само да бидам меѓу првите 5, така да победата е фантастична. Многу ми е убаво овде, за прв пат пред 11 години настапив овде и оттогаш многу ми се допаѓа, кажа по трката Студзински.
Италијанката Барбара Позобон, за прв пат учествува на Охридскиот пливачки маратон и е задоволна од победта.
„ На почетокот не очекував дека ќе победам бидејќи бев уморна. Но, по кризата почнав добро да се чувствувам. Многу сум возбудена што победив“ , изјави Барбара Позобон.
Евгениј Поп Ацев кој за секунда загуби од првопласираниот германски маратонец вели дека учествувал во највозбудливата трка до сега, во која пливал рамо до рамо со уште 4 пливачи-маратонци..
„ Воопшто не сум разочаран. Задоволен сум што го освоив второто место во машка конкуренција. Временските услови беа пдлични, а исто така и организацијата“, рече Евгениј Поп Ацев.
На 31-то издание на Охридскиот пливачки маратон учествуваа 22 -ца пливачи од Македонија и светот . Тие ги одмерија силите на 30 километарската патека „Климе Савин“. Во машка конкуренција се натпреваруваа 15 пливачи меѓу кои беа тројцата македонски, маратонски пливачи Евгениј Поп Ацев , Александар Панчевски и Александар Илиевски. Покрај нив на пливачката патека за првото место во машка конкуренција се бореа и пливачи од светот. На охридскиот маратон допатуваа 7 Aргентинци, 2 Французи, 3 Италијанци, како и Германец, Бразилец, Канаѓанец и Хрват. Во женска конкуренција беа 7 маратонки.
Охридскиот пливачки маратон е редовна трка од „Гран при серијата маратонски трки на отворени води на светската пливачка федерација.
Рекордот на маратонската патека патеката „Климе Савин“ го држи французинот Рејмонд Аксел кој го постави пред три години и изнесува 5 часа 9 минути и 54 секунди.