Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски го презентираше отчетот за сработеното во неговиот мандат
Трајкоски истакна дека досега реализирани се преку 75 проекти од областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот, туризмот и секојдневниот живот.
Поставени приоритетните проекти, активности и мерки кои беше неопходно да се превземат и имплементираат, со една заедничка крајна цел, обезбедување на директни придобивки и подобрени услуги за целото население во Општина Дебрца, истакна денес градоначалникот на Општина Дебрца Угор Трајкоски, презентирајќи го отчетот за сработеното во неговиот четиригодишен мандат како прв човек на оваа општина. Покрај реализацијата на проекти поврзани со патната инфраструктура, преку кои се асфалтирани улици во должина од 14,2 км, како и инвестиции за реконструкција на водоводни мрежи и системи, реализирани се и голем број проекти во врска со образованието.
„Реконструирани и изградени се 5 основни уличишта од вкупно 11 основни училишта кои се наоѓаат на територијата на Општина Дебрца, изградено е ново основно училиште во Волино, а реконструирани се основните училишта во Требеништа, Ботун, Лешани и Оровник, сето тоа со вкупна вредност од околу 210.000,0 евра “ вели Игор Трајкоски – Градоначалник на Општина Дебрца.
Трајкоски потенцира дека ова е само дел од сето она што е сработено во изминатите четири години, а реализирани се преку 75 проекти од областа на инфраструктурата, образованието, културата, спортот, туризмот и секојдневниот живот. Тој додаде дека неколку проекти се во тек и се очекува нивна комплетна реализација, како реконструкцијата на основното училиште во Ботун, како и реконструкцијата на културниот дом во село злести. Во врска целодневните рестрикции на вода за пиење кои летово ЈП „Дебарца“ ги воведе за селата Горенци, Оровник и Подмолје, Трајкоски рече дека се преземени соодветни мерки за решавање на овој горлив проблем.
„ИЗвршивме промена на пумпата на бунарот кај Св. Еразмо, ставивме пумпа со поголем капацитет, а со оглед дека изминатиов период беше сушен сведоци сме сите дека три месеци немаше ни капка дожд, апотребаа за вода се зголеми, а во иднина ќепланиран е проект кој ќе биде презентиран во предизборната програма, а конкретно, станува збор за снабдување со овда на овие села од Охридското Езеро“ потенцира Игор Трајкоски – Градоначалник на Општина Дебрца.
Трајкоски истакна дека реализацијата на сите проекти би била невозможна без подршката на локалното население, , а дека негова крајна желба е Општина Дебрца да стане едно пристојно и посакувано место за живеење.