Се е подготвено за третото издание на „StartQube“
Во текот на кампот преку голем број работилници кои ја сочинуваат уникатната програма на StartQube од А до Ш се покрива развивањето на една идеја до целосен и самоодржлив бизнис.
Викендов започнува треттото издание на „StartQube“, летниот камп за претприемачи и луѓе ориентирани кон градење бизнис. Кампот ќе трае од 26-ти до 31-ви август повторно на планината Галичица во селото Велестово. Летниот камп е организиран од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА, кое се фоксуира на овозможување на различна поддршка за младите кои имаат желба да започнат свој бизнис. Учесниците на StartQube покрај што живеат заедно со менторите на настанот, имаат и можност заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи. Менторите на StartQube се истакнати професионалци со повеќегодишно искуство во развивањето на стартапи и градењето на одржливи бизниси.
„Оваа година имаме навистина интересна група на учесници, сериозни идеи од страна на учесниците, очекуваме интересен настан. Менторите ни доаѓаат од Австрија и од Израел, исто така оваа година новитет ни е тоа што самите ние како дел од организаторите на „Startqube“ ќе се ставиме во улога на ментори на дел од тие работилници. Исто така дел од учесниците на „Startqube“ кои доаѓаат на настанот секоја година на настанот ги сметаме за доволно обучени да можат и самите да одржат некоја работилница па мислам дека ќе имаме интересен микс на идеи и на презентации“, вели Јасна Тренгоска – Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА.
„StartQube“ е збир на повеќе практични работилници кои се организираат во соработка со повеќе експерти, а идејата е учесниците да се запознаат со сите фази на креирање на успешен бизнис – од изработка на бизнис план и модел, анализа на пазарот, пристап до корисниците, пристап до инвестиции, pitching и сè што е клучно за креирање на одржлив бизнис. Светот на Стартап бизнисите е несомнено поврзан со ризикот, но тоа не ги обесхрабрува малдите да се впусхтат во овие води, вели Јасна Тренгоска од Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА.
„Со секоја неуспешно помината можност се намалува боријот на следни неуспешни можности што би можеле да се случат.Многу интересна старосна структура ќе имаме интересна конструкција на старосни групи, дел од учесниците кои се на возраст од 25-35 години сериозни претприемачи со претприемачки искуства и една млада но сериозна група на луќе на возраст од 217-20 години“ објаснува Јасна Тренгоска – Здружението за развој СТАРТАП ЗОНА.
Учесниците, како што информираат организаторите, ќе имаат уникатна можност покрај необичниот планински петдневен одмор, да живеат со менторите на настанот во текот на целиот камп и заедно да работат на развој на бизниси според методологиите на дел од најуспешните претприемачи кои веќе го имаат тоа искуство на градење бизниси. Летниот камп е организиран од СТАРТАП ЗОНА, тимот кој стои зад веќе успешниот Codefest. Настанот е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост, на Швајцарската агенција за развој и соработка.